Видео: Тинејџерот Рашфорд стана нов херој на Манчестер Јунајтед!

Loading

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа пред елиминација и од Лигата на Европа од данскиот претставник Митјиланд.

Црвени ѓаволи во реваншот на Олд Трафорд имаа вкупна негатива од 1-3 во осминафиналето од Лига на Европа, но потоа на сцена стапија тинејџерите кои буквално блеснаа во второто полувреме и го декласира данскиот тим.

Манчестер Јунајтед играше без своите напаѓачи кои беа на листата на повредени, а на загревањето се повреди и Марсијал, па така Луј Ван Гал мораше да го стави тинејџерот Маркус Рашфорд, кој дебитираше за „црвените ѓаволи“ и не згреши во таа одлука.

Токму Рашфорд постигна два гола и ја елиминираше предноста на Митјиланд, а точка на високата победа и пласманот во осминафиналето за Јунајтед ставија Ерера од пенал и Мемфис Депај за конечни 5-1.

Инаку Систо им донесе водство на Данците во првото полувреме во кое Мата промаши пенал.