Тимот на Сан Антонио Спарс со нова победа ја продолжи доминацијата на домашен терен.
Спарси без Тони Паркер и ЛаМаркус Олдриџ ја растури Јута пред своите гледачи со 123:98 и на тој начин стигнаа до 21-та победа по ред и го израмнија најдобриот старт на сезоната на организацијата со 31-6.
Кај „мамузите“8 играчи постигнаа двоцифрен број на поени, а најпрецизен беше ветеранот Тим Данкан со 18 коша, додека кај Јута Бурк реализираше 21 поен.
Инсерти од натпреварот Сан Антонио – Јута…