Нов пад на Македонија на ФИФА ранг листата! Срамота, 138-мо место

Loading

Македонската фудбалска репрезентација 2016 година ја започна со нов пад од две места на најновата ФИФА ранг листа.

makedonija

На денешното рангирање на ФИФА, Македонија се наоѓа на 138-то местопоточно во друштво на Филипини, Куба, Хонг Конг, Јужен Судан и Либан-селекција која во месец ноември не совлада во Скопје со 1:0.

На врвот нема промени, Белгија води, пред Аргентина, Шпанија, Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.