Видео: Шпанскиот АСОБАЛ куп во рацете на Барселона. Кире Лазаров со нова титула и МВП признание!

Loading

Барселона и нашиот капитен Кире Лазаров освоија уште еден трофеј откако триумфираа во Шпанскиот АСОБАЛ Куп со 35-31 против Ла Риоха.

lazarov7

Ла Риоха одигра одлично во првото полувреме, имаше и 4 гола предност, но Барселона успеа да израмни на 18:18 во финишот на првиот дел, а во второто полувреме успеа да ја оправда улогата на апсолутен фаворит и да стигне до победа и да го подигне победничкиот пехар.

Кире Лазаров беше најдобар кај Барселона со 10 голови, додека Жалуз постигна 7.

kire mvp

За најдобар стрелец на турнирот и признанието најкорисен играч МВП во АСОБАЛ Купот беше прогласен Кире Лазаров кој постигна 16 гола, а воедно го освои својот 48 трофеј во својата кариера.

lazarov1

Инсерти од финалниот натпревар во АСОБАЛ купот помеѓу Барселона и Ла Риоха….