Видео: Рели Дакар 2016 – Петерхансел победник на 6-тата етапа во должина од 542 км

Loading

Петерхансел триумфираше на шестата етапа од релито Дакар 2016 што заврши во боливискиот град Ујуни во должина од 542 километри.

peter peu

Петерхансел со Пежо имаше 17 секунди подобро време од тимскиот колега Карлос Саинц додека третото место му припадна на Јазид Ал Раџи од Саудиска Арабија, кој се натпреварува со Тојота Хилукс.

Зад водечката тројка етапата ја заврши Себастијан Лоеб на Пежо и тој зад победникот заостана 8 минути и 15 секунди.

Стефан Петерхансел сега е нов лидер во генералниот пласман со 27 секунди подобро вкупно време од Лоеб додека трет е Саинц со 5 минути и 55 секунди послабо време.

Кај моторите двојна победа оствари КТМ, а првото место му припадна на Тоби Прајс од Австралија пред Австриецот, Матијас Валкнер.

Гонсалвеш води во генералниот редослед со 35 секунди предност во однос на Прајс, а трет со заостанување од 2 минути и 50 секунди е Валкнер.

Денеска на програмата е седмата етапа што ќе се вози од Ујуни до Салта во Аргентина во должина од 793 километри.