Во кошаркарската АБА лига се комплетираше 22.коло со последниот меч кој се одигра во Белград помеѓу Црвена Звезда и МЗТ Скопје, а до победата од 92-79 стигна шампионот на АБА лигата Црвена Ѕвезда.
МЗТ Скопје немаше сили да му се спротивстави на актуелниот шампион, но во последната четвртина успеа да избегне дебакл.
Домаќинот на овој меч настапи без Американците Таренс Кинзи и Квинси Милер, но и без нив успеа уште во првата четвртина да стекне двоцифрена предност.
Надежите на ‘металците’ за евентуална сензација ги уништи Мајк Цирбес, кој беше предводник на домашниот тим во третиот период кој заврши со 30:13.
Во последната четвртина, тренерот на Црвена ѕвезда им даде шанса на помладите играчи, што МЗТ, најмногу преку Урош Луковиќ, го искористи да го ублажи поразот.
МЗТ Скопје го предводеа браќата Луковиќ, Урош даде 20 поени, 9 скокови, а Марко 17 поени, 5 скока, додека двоцифрен беше уште Ѓорѓе Дреновац кој постигна 10 поени.
Со овој пораз МЗТ Скопје падна на 7-мата позиција со 31 бод, а во следното коло МЗТ Скопје е домаќин на лидерот Будучност.