Синоќешната програма во НБА лигата донесе голем број натпревари вкупно 14 на број, а за издвојување е највисокиот пораз на шампионот Голден Стејт, во првиот меч по паузата за Ол Стар викендот каде доживеа катастрофален висок пораз во Портланд од Траил Блејзерси со 137:105 или +32 разлика.
Јунак на мечот беше плејот на Портланд, Демиен Лилард кој со личен рекорд од 51 поен го растури Голден Стејт, а придодаде и 7 асистенции и 6 украдени топки. Од линијата за три поени беше незадржлив каде погоди 9 од 12 обида.
Покрај Лилард, одличен меч за победникот одигра и неговиот партнер од бековската линија Си Џеј Меколум со 21 поен, 7 асистенции, 4 скока.
Кај Воините Стеф Кари даде 31 поен, Клеј Томпсон 23 поени, и тие двајца беа најефикасните во редовите на шампионот, кој го забележа првиот пораз по 16. јануари.
Во друите средби:
Орландо-Далас 110:104
Вашингтон-Детроит 98:86
Бруклин-Њујорк 109:98
Атланта-Мајами 111:115
Чикаго-Торонто 109:104
Мемфис-Минесота 109:104
Милвоки-Шарлот 95:98
Њу Орлеанс-Филаделфија 121:114
Оклахома-Индијана 98:101
Феникс-Хјустон 100:116
ЛА Лејкерс-Сан Антонио 113:119
Јута-Бостон 111:93
За вечерва во НБА лигата предвидени се 8 натпревари.