Видео: Фројн донесе домашната победа во Оберсдорф на новогодинешната турнеја

Loading

Се одржа првата од четирите новогодишни скокалници во германскиот град Оберсдорф.

severin

До победата стигна домашниот ски скокач германецот Северин Фројнд кој им донесе радост на германските навивачи.

Тој успеа во втората серија да прелета 137,5 метри со кои на крајот се искачи на 1.место.

Словенецот Петер Превц кој е лидер во генералниот пласман во Светскиот куп, ја оправда улогата на фаворит само по првата серија. Словенецот скокна 129.5 метри, но  потрфли во финалето и заврши на третата позиција.

Помеѓу Фројнд и Превц, за место на пиедесталот се избори Михаел Хајбок. Тој  ги подгреа надежите на австријците дека ќе продолжат со доминација на Новогодишната турнеја, каде се непобедливи во последните 7 сезони.

Вториот натпревар од 64-то издание на Четирите скокалнаци,  ќе се одржи на 1.јануари во Гармиш повторно во Германија, а потоа турнеја ќе се пресели во Австрија, на 3-ти во Инсбрук,  а финалето е закажано за 6-ти јануари во Бишофсхофен.

Титула ја брани Штефан Крафт од Австрија кој разочара со пласманот на 7.место.

Превц со 624 бодови е водечки во Светскиот куп, а победникот во Оберсдорф Фројнд е втор со 499 бода.