Фудбалерите на Ватфорд убедливо го победија Ливерпул со 3:0, во 17 коло од Англиската Премиер лига.
Ватфорд со оваа го мина Ливерпул на премиерлигашката табела, популарните `стршлени` на осмата позиција имаат 28 бодови, додека Ливерпул со 24 бода е на деветтото место.
Домаќинот на „Викариџ Роуд“ одлично влезе во натпреварот и по само 180 секунди игра стигна до водство со голот на Аке, кој ја искористи катастрофалната реакција на голманот Богдан.
Вотфорд предноста ја дуплираше во 15. минута кога Игало го постигна вториот гол. Истиот играч во 85. минута го постави конечниот резултат.