Без победник заврши последниот натпревар од 26 коло во италијанската серија а дербито во Неапол помеѓу Наполи и Милан.
Тие одиграа 1-1, а најмногу од нерешениот резултат во Неапол профитираше Јувентус, кој остана лидер на табелата со 58 бодови, еден повеќе од Наполи.
Наполитанците ја имаа иницијативата на овој натпревар, но не успееја да создадат конкретни шанси за гол.
Лоренцо Инсиње го отвори резултатот на 1-0, а неговиот удар од 30-тина метри на патот кон голот го закачи Абате и заврши зад грбот на Донарума.
По водството на Наполи Милан возврати со голот на Бонавентура за 1-1, по нафрлувањето на Хонда, лошо со глава реагираше Кулибали, кој топката наместо да ја избие ја префрли на втората статива каде беше играчот на Милан кој го израмни резултатот и го постави конечниот резултат.
По ова 26 коло Наполи има 57 бода на второто место, а Милан остана на 6-тото место со 44 бода.
Во продолжение погледнете ги головите…