НФЛ тимот на Денвер Бронкос триумфираше во финалето на јубилејниот 50-ти Супербоул, откако во Санта Клара, славеше над Каролина Пантерс со 24:10.
На тој начин Денвер ја освои својата прва титула по 1998 година, вкупно трета во историјата на тимот.
Финалниот меч во Санта Клара го реши одбраната на Денвер, која во целост го исклучи од игра квотербекот на Каролина Камерон Њутон.
Во одбраната доминираа Вон Милер и Демаркус Вер, а овој првиот ја доби наградата за најкорисен играч МВП на финалниот меч.
МВП-то од сезоната Њутон стигна до 265 префрлени јарди, но ја продолжи традицијата од сезоната 1999/2000, најкорисниот играч од лигашкиот дел да не победи во најважниот натпревар.
Тренерот на Денвер, Гери Кубиак стана првиот тренер со победа во Супер Бол како играч и тренер со ист клуб.
Со оваа титула, втора во кариерата, еден од најдобрите квотербекови во историјата на НФЛ лигата, Пејтон Менинг најверојатно заминува во пензија.