Џими Батлер постигна 42 поени во триумфот на Чикаго над Торонто нагости со 115:113, а крилниот играч на овој меч постигна само два поени во првото полувреме, но во вториот дел тој буквално експлодира постигнувајќи 40 поени, вклучувајќи ја и тројката на 30 секунди до крајот која беше клучна за конечниот победник.
Батлер го собори рекородот на Мајкл Џордан според бројот на постигнати поени 39 во едно полувреме. Џордан го поздрави рекордот на Батлер со зборовите дека ‘добро е што се останува во фамилијата’.
Кај Чикаго се истакнаа и шпанските репрезентативци Пау Гасол со 19 поени, 13 скокови и Никола Миротиќ со 17 поени.