Ракометарите на Вардар со реми 30:30 се враќаа од Плок, Полска во првиот осминафинален натпревар, во Лигата на шампионите, против Висла.
Вардар направи голем исчекор кон пласман меѓу најдобрите 8 во Европа, но „црвено црните“ ќе жалат што испуштија победа во Плок.
Играчите на Раул Гонзалес, на нешто повеќе од шест минути до крајот на мечот имаа предност од четири гола 30:26, но падот на концентрацијата во самиот финиш и овозможи на Висла да стигне до реми.
Висла успеа да се извлече од пораз, со голот на Трабокија во последната секунда откако претходно Манасков не реализраше пенал.
Карачиќ со 6, Циндриќ со 5, Дибиров со 4 гола и Штербик го предводеа Вардар до овој одличен резултат.
Реваншот, каде ќе биде познат патникот во четвртфиналето, ќе се одигра во Скопје на 26.март.