Играчот на турски Фенербахче и поранешен капитен на кошаркарската репрезентација на Македонија, Перо Антиќ стана татко по трет пат.
Тој и сопругата Ружица, станаа родители на уште едно машко дете кое ќе се вика Петар.
Перо радосната вест ја сподели на своите пријатели и фанови преку социјалната мрежа Facebook, каде изјави дека е горд татко на Лука, Павел и Петар!.
„Ова утро по трет пат станав татко“, напишал Антиќ.
Двократниот европски шампион со Олимпијакос, се наоѓа во Загреб, каде вечерва со својот тим Фенербахче ќе го одигра мечот од 12.коло, во Топ 16 фазата, против Цедевита.
Перо Антиќ ќе заигра за прв пат по 29.јануари кога токму на првиот меч со Цедевита во Истанбул го повреди мускулот, поради што мораше да паузира 6 недели.
Тој ја предводеше Македонија до најголемиот успех во репрезентативната кошарка кога во 2011 година на Евробаскетот во Литванија го освои 4-тото место.