Титулите на АТП 250 турнирите во Монпеље и Софија во рацете на Гаске и Баутиста

Loading

Францускиот тенисер Ришар Гаске ја освои третата титула на АТП турнирот од серијата 250 серијата што се играше во Монпеље.

atp250 gaske

Тој во финалето го совлада својот сонародник Пол-Анри Матје со 2-0 во сетови 7-5, 6-3. Последната победа над Гаске, Матје ја забележа во 2009 година во Ротердам, а 29-годишниот победник за победата заработи 250 АТП поени и околу 82.000 евра.

На АТП турнирот пак во Софија исто така од 250 серијата победник е Шпанецот Роберто Баутиста-Агут.

bautista

Тој во финалето беше подобар од Виктор Троицки, со 2-0 во сетови 6-4, 6-3.

Ова е втора титула за шпанецот оваа година по титулата на почетокот на сезоната освоена во Оукленд, или вкупно 4-та во неговата кариера, а српскиот тенисер остана на само три титули.