Стоилов и Манасков казнети дисциплински и парично!

Loading

РК Вардар констатираше дека Дејан Манасков и Стојанче Стоилов ги прекршиле правилата на однесување и клупската дисциплина.

stojce-manaskov

Па така суспензија и парични казни се мерките што ги изрече Вардар за инцидентот што се случил во и пред објект за храна спроти Универзална сала во Скопје.

„Поради прекршување на правилата на однесување, а во согласност со дисциплинскиот правилник на клубот, играчите Стојанче Стоилов и Дејан Манасков се казнети со двонеделна суспензија. Во тој период ќе тренираат со вториот тим на Вардар, а клубот истовремено одреди и парични казни и за нив. Двајцата играчи доставија изјави за нивното однесување во врска со настанот во кој биле инволвирани. Констатирано е прекршување на клупската дисциплина поради што тие се санкционирани“, велат од ракометниот клуб Вардар.

Ова значи дека Стоилов и Манасков ќе го пропуштат гостувањето на „црвено-црните“ во Германија кај Рајн Некар Левен на 11 февруари во рамките на Лигата на шампионите.

stojce-manaskov1

Поради изречената суспензија, кружниот напаѓач и левото крило ги немаше во вардаровиот состав за дуелите со Борац Бања Лука и со Нексе во регионалната СЕХА-лига, дуели кои Вардар ги доби убедливо и без нив во тимот.

Манасков и Стоилов ќе бидат на располагање на тренерот Гонзалез за натпреварот со Кристијанштад во Лигата на шампионите на 20 овој месец.