Словенецот Превц победи во Гармиш и е нов лидер на новогодишната турнеја 4 скокалници

По освоеното трето место во Оберсдорф, лидерот во генералниот пласман и еден од главните кандидати за освојување на титулата од новогодишната турнеја 4 скокалници словенецот Петер Превц, на втората станица во Гармиш стигна до својата прва победа во кариерата на ова натпреварување.

prevc1

Тој попладнево триумфираше во германскиот ски центар Гармиш Партенкирхен и на најдобар можен начин одговори на предизвикот од домашниот натпреварувач Фројнд кој победи во ОБерсдорф.

Превц беше најдобар и при првата серија, а со извонреден скок во втората серија во должина од 136 метри стигна до една од најголемите победи во досегашниот дел од сезоната.

Генет Гангнес од Норвешка заврши на втората позиција, додека третопласиран во Гармиш Партнекирхен беше домашниот миленик Северин Фројнд, кој со овој пласман го загуби и првото место во генералниот пласман кога станува збор за новогодинешната турнеја „четирите скокалници“.

prevc

Петер Превц е нов лидер во оваа категорија со вкупно 576,2 поени, пред Фројнд со 564 и Австриецот Хајек со 551 поен.

Турнејата сега се сели во Австрија каде на 3 јануари е третата станица во Инсбрук, а финишот е на 6-ти јануари во Бишосхофен.