Скандинавското дерби без победник, Шведска и Данска одиграа 28-28

Loading

Шведска успеа да одигра нерешено во дуелот со Данска за комплетирање на второто коло во групата 2 на Европското првенство во Полска.

swe-den

Синоќа во Вроцлав, Данска беше пред нова победа со која ќе го обезбедеше полуфиналето, но Шведска во последните две минути постигна три голови и негативата од 25:28 ја претвори во вреден бод и нерешен резултат 28:28.

Решавачкиот гол го даде Матијас Захарсон на осум секунди пред крајот.

На првиот натпревар од групата 2, Шпанија ја победи Унгарија со 31:29.

Табела: Данска 7 бодови, Германија 6, Шпанија 6, Русија 3, Шведска 2, Унгарија 0.