Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Луј Ван Гал по катастрофалниот и изненадувачки пораз од данскиот тим на Митјиланд со 2-1 го обвини Марфиевиот закон.
Јунајтед остана без првиот голман Де Геа кој на загревањето се повреди, па неговото место го зазеде Серхио Ромеро.
„Многу работи се одвиваат во главите на играчите и во првите 10-15 минути не бевме добри, но се разбудивме и дадовме гол, а можевме да постигнеме уште некој.
,,Во второто полувреме не победивме во ниту еден дуел. Не смеевме да го примиме вториот гол, но можевме и ние да дадеме. Лингард имаше две сјајни шанси, па мислам дека се беше до Марфиевиот закон“, нагласи менаџерот Ван Гал.
Нетрпението на газдите на клубот се полека се зголемува, а останува да видиме до кога Ван Гал ќе остане тренер на Манчестер Јунајтед.