Се менува Лигата на фудбалските шампиони… УЕФА спрема реформи!

Loading

Пред два месеца се лансираше информацијата која го потресе европскиот фудбал, односно дека најбогатите англиски клубови одржале таен состанок, на кој се разговарало за формирање на некаква „суперлига“, а УЕФА веќе е подготвена за компромисен договор.

nion2

УЕФА ќе попушти под притисокот на најбогатите европски клубови и целосно ќе ја реформира Лигата на шампионите, во која место ќе има само за оние со најмногу пари и во која учеството нема да биде условено со пласманот во националните шампионати.

УЕФА сега може лесно да го спроведе најавеното во дело, бидејќи Мишел Платни повеќе не претседател, а токму тој имаше идеjа да направи систем кој на шампионите од помалите и посиромашни национални првенства, би им овозможил полесен пат до главната фаза во Лигата на шампионите.

Па така драстично ќе се намали бројот на клубовите кои ќе играат во ЛШ, односно ќе се преполови бројката од сегашните 32 на 16 екипи кои би биле поделени во две групи, што на богатите ќе им гарантираат најмалку 14 натпревари со непомалку богати и секако квалитативни врвни тимови.

Барањето за формирање на ваква лига стигнала од континентот, а не од Англија. Имено, големите тимови во Европа се исплашени од новиот договор за ТВ права кои го потпиша Премиерлигата, што тежат фасцинантни 6,5 милијарди евра, што значи дека богатите премиерлигаши дополнително ќе ги зголемат своите буџети, односно ќе имаат уште повеќе пари за засилувања.

nion4

Наредната сезона последнопласираната екипа во Премиерлигата од ТВ права ќе заработи неверојани 125 милиони евра! Оваа сума минатата сезона ја заработи Челзи, кој го освои првенството, а наследникот на Челзи, на крајот од сезоната ќе заработи 190 милиони евра.

Самите суми говорат дека на континетот не постои тим кој ќе може да ги следи англиските клубови. Поради тоа врвните шпански, италијански, германски и француски клубови сакаат да имаат што е можно повеќе атрактивни противници, бидејќи тоа ќе им носи повеќе пари од спонзорски договори и ТВ права.

Сигурно е дека УЕФА оваа идеа нема да ја спроведе наредната сезона, но од сезоната 2017/2018.