УЕФА објави дека ќе ги зголеми цените на билетите за финалето на Лигата на шампиони на „Сан Сиро“ во Милано за 14%
Првите 6.000 билети за финалето на 28 мај почнаа со продажба преку лотарија во вторникот, а дополнителни 40.000 седишта на стадионот со 71.500 седишта ќе бидат поделени помеѓу финалистите.
30% од билетите се во најскапата категорија со зголемување од 14% односно од 390 евра за минатогодишното финале во Берлин до 478 евра за оваа година во Милано.
Билетите од втора категорија, кои се 26% од билетите се поскапени од 280 на 320 евра, а најевтината категорија од 160 евра или 33% од седиштата и 70 евра или 11% од седиштата остануваат со иста цена.
УЕФА има резервирано 25.500 билети за спонзори, ТВ-екипи, гости на УЕФА, национални асоцијации и за локалните организатори.
Финалето на програмата е на 28 мај, а ќе се игра на стадионот Сан Сиро во Милано.