Се одигра првиот натпревар од полуфиналето на кралскиот куп на шпанија, а бранителот Барселона на Ноу Камп иако ослабена во одбраната ја декласираше Валенсија со 7:0.
Луис Суарез постигна четири, а Меси три гола за каталонците. Суарез ја отвори серијата со два гола во 7 и 12 минута, а до крајот на полувремето Меси постигна гол во 29.минута.
Во финишот на првиот дел Мустафи доби црвен картон, а Нејмар не реализираше пенал. Меси го отвори вториот дел со два гола, а вториот кој го постигна во 59.минута кој беше негов јубилеен 500-ти гол на официјалните натпревари.
Аргентинецот во досегашната кариера има постигнато 501 гол, од кои 436 во дресот на Барселона, 49 за Аргентина, 12 за младата репрезентација на Аргентина, а два за олимписката селекција.
Луис Суреаз со два гола на крајот во 83 и 85 минута и донесе на Барселона голем резултат и речиси пласман во финалето на купот каде ќе ја бранат титулата.