Прва победа за Македонија во подготовките… Во Кале падна Црна Гора со 35-28!

Loading

Македонија забележа лесна победа над Црна Гора со 35:28 во првиот од двата контролни натпревари против селекцијата на Црна Гора.

mkd-cg1

Во СРЦ Кале, селекторот Обрван им даде шанса на речиси сите играчи, а освен повредениот Филип Лазаров не играа уште и Талески, Кукоски, Никола Маркоски и Митревски.

Победата над Црна Гора беше прва за македонските ракометари во подоготвителниот период, откако во претходните две средби ремизираа со Словенија.

mkd-cg2

Македонија од почетокот ја контролираше играта, особено добро игравме во финишот на двете полувремиња, а црногорците имаа свои моменти во првиот дел додека во финишот на второто полувреме сигнаа до нагатива од три гола 29:26, но македонските ракометари нивниот налет го одбија со серија 5:1 со која и ставија точка на мечот.

Дејан Манасков со 12 и Кире Лазаров со 7 голови ја предводеа Македонија до победата.

mkd-cg

Македонија и Црна Гора денеска ќе одиграат уште еден меч, но тој ќе биде од затворен карактер, па така по овој натпревар селекторот Ивица Обрван ќе ги објави имињата на играчите кои ќе патуваат на ЕП 2016 во Полска.

Македонија првиот меч на ЕП ќе го игра в петок против олимпискиот, светскиот и европскиот шампион Франција.