Подолгата клупа клучна за пресврт победата на МЗТ Скопје против Работнички

Loading

Кошаркарите на МЗТ Скопје во СЦ Јане Сандански стигнаа до нова победа над својот градски и вечен ривал Работнички со 81:71 во рамките на 24.коло во домашното првенство.

mzt-rab33

МЗТ Скопје со оваа победа на 4 кола до крајот на регуларниот дел од сезоната го обезбеди првото место во пресрет на плејофот.

Градското дерби го реши поголемиот избор на кошаркари кои на клупата ги има тренерот на МЗТ Александар Јончевски, бидејќи Марин Докузовски на спротивната страна целиот меч го одигра со шестмина кошаркари.

mzt-rab44 mzt-rab66

Ветараните на Работнички имаа свежина го контролираа резултатот и постојано беа во водство. Во првиот дел Работнички водеше и со 18 поени, а до крајот на првиот дел МЗТ успеа негативата да ја сведе на 7 поени.

На стартот од третата четвртина со серија од 9 поени стигна до минимална предност, но Работнички брзо ја стабилизира играта и ја врати предноста од полувремето.

Во последната четвртина до израз дојде поголемиот избор на играчи кои ги има МЗТ, па „металците“ со серија 17-3 го решија победникот.

mzt-rab55

Дреновац со 24 поени и 8 скокови, Стојановски со 19 поени и Урош Лукович со 16 поени и 12 скокови го предводеа МЗТ Скопје до победата, додека кај Работнички Мираковски постигна 24 поени, а Чековски 20 коша.