Одиграно 22 коло во првата фудбалска лига на Македонија.
Кандидатие за шампионската титула Вардар и Шкендија, како гости славеа во неделните натпревари.
Вардар, во Охрид, каде Младост ги игра своите мечеви како домаќин, славеше со 3:0. Ќеран го постигна првиот гол за Вардар, во првото полувреме, а потоа во вториот дел победата на лидерот ја потврдија Николов и Хамбарџумјан.
Шкендија, во Скопје, славеше над Металург со 4:0. Два гола за Шкендија постигна Радески, во 12-та и 69-та минута, а меѓу стрелците се запишаа и Тотре и Алими.
Голот на Петковски во 47-та минута го реши победникот на дуелот помеѓу Шкупи и Силекс, додека Брегалница со головите на Наумов и Велинов славеше над Хоризонт Турново со 2:0.
Единствениот меч каде нема голови и победник се играше во Скопје каде Работнички и Ренова ги поделија бодовите играјќи 0:0.
На табелата Вардар е прв со 55, пред Шкендија со 50, Шкупи 34, Силекс 33,Работнички 32, Брегалница 23, Ренова 22, Турново 21, Младост 16 и Металург 13 бода.