Остануваат уште 100 дена до стартот на ЕП во фудбал 2016 во Франција

Loading

Уште точно 100 дена, останаа пред почетокот на Европското првенство во фудбал во Франција, настан кој заедно со Олимписките игри во Рио де Жанеиро, на спортски план ќе ја обележи оваа 2016 година.

france 2016

ЕП, прво на кое ќе учествуваат 24 репрезентации, ќе започне на 10. јуни, а со оглед на околностите и заканите од тероризам, темите од областа на безбедноста доминираат на состаноците на УЕФА.

Франција во изминатите 2 години, доживеа страотни терористички напади, а во крвавите напади кои се случија во ноември минатата година, една од метите на терористите беше и пријателскиот меч помеѓу Франција и Германија.

За среќа, бомбашот самоубиец, не успеа да влезе на стадионот. Поради ваквите закани, УЕФА и француските безбедносни служби, работат на плановите како да постапуваат во случај на закана или, пак, на терористички напад.

france 2016 police

Организацијата на претстојното Европско првенство ќе биде вистински логистички потфат, ќе следат регирозни контроли за сите кои ќе сакаат да влезат на стадионите.

Дополнителен предизвик за француските безбедосни служби ќе биде и како да се заштитат навивачите кои ќе пристигнат во француските градови и кои вообичаено се собираат на главните градски плоштади.

Континетланото првенство ќе трае 32 дена, ќе се одиграат 51 меч на 10 стадиони ширум Франција, а истото ќе заврши на 10 јули.