Одбележан Светскиот ден на спортот, здравјето и мирот

Loading

По повод одбележувањето на светскиот ден на спортот, здравјето и мирот, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески ја посети Спортската Академија каде заедно со директорот на институцијата Дејан Јовановски присуствуваа на наставата на академците во кошарка.

DSC04685

,,Дозволете ми најпрвин да ја искористам приликата и на сите спортисти и спортски работници во Република Македонија да им го честитам денешниот ден – 6 април, кој со Резолуција на ОН во 2013 година беше прогласен за Меѓународен ден на спортот, и да им посакам успешни резултати, а на сите граѓани на Република Македонија да им порачам повеќе да рекреираат и спортуваат, бидејќи спортот не учи на вистинските вредности во животот, како што се истрајноста, фер-плејот и почитувањето на противникот, вредности кои особено денеска се многу потребни на сите чинители во нашето општество истакна Спасески.

DSC04693

Тој разговараше со кошаркарите од спортската академија за условите, наставниот кадар и квалитетот на наставниот програм. Негова, а секако дека надеж на сите инволвирани во проектот спортска академија е квалитетен кадар кој еден ден гордо ќе го носи репрезентативниот дрес.

На настанот беа презентирани дел од спортските вештини на младите надежи.