Обрван со 20 ракометари на подготовки за олимписките квалификации

Loading

Селекторот на машката ракометна репрезентација, Ивица Обрван го објави списокот од 20 ракометари на кои ќе смета на почетокот од подготовките за квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Рио Де Женеиро.

Obrvan

Хрватскиот стручњак од повиканите 28 го скрати списокот на 20 ракометари, па така отпаднаа Златко Даскаловски, Дејан Пецаковски, Милорад Кукоски, Дарко Димитриевски, Горан Крстевски, Бојан Маџовски, Мартин Велковски и Горан Кузмановски.

Првиот собир на репрезентативците е закажан на 1 април во Скопје каде ќе се темпира формата пред заминувањето на турнирот во Полска.

Македонија во периодот од 8 до 10 април ќе настапи на олимписките квалификации во Гдањск, Полска каде ќе игра со Тунис, Чиле и домаќинот Полска, а само најдобрите две репрезентации од групата ќе обезбедат учество на Олимписките игри во Рио.

Ова е списокот на репрезентативците:

1.Борко Ристовски
2.Даниел Дупјачанец
3.Никола Митревски
4.Дејан Манасков
5.Гоце Ојлески
6.Гоце Георгиевски
7.Никола Костески
8.Стојанче Стоилов
9.Жарко Пешевски
10.Никола Маркоски
11.Филип Лазаров
12.Аце Јоновски
13.Филип Миркуловски
14.Наумче Мојсовски
15.Немања Прибак
16.Кирил Лазаров
17.Влатко Митков
18.Филип Талески
19.Филип Кузмановски
20.Велко Марковски