Болоња го сака незадоволниот играч на Џенова македонскиот интернационалец, Горан Пандев.
Според последните информации, Пандев е втората опција за клубот кој доколку не успее да го ангажира Гастон Рамирес од Саутемптон, ќе се насочи кон македонскиот напаѓач.
Горан Пандев од Галатасарај се врати во Серија А во редовите на Џенова каде не ја добива посакуваната минутажа, а обостраното незадоволство многу лесно може да прерасне во трансфер до крајот на јануарскиот преоден рок.
Дали Пандев одново ќе менува средина останува да видиме, но едно е сигурно тој и понатаму ќе игра во Серија А.