Хитот од летниот преоден рок колумбиецот Џексон Мартинез го напушти Атлетико Мадрид и својата кариера ќе ја продолжи во Кина, во тимот на Гвангжу Евергранде.
Кинескиот тим за Мартинез плати неверојатни 42 милиони евра, со што го собори трансфер рекордот во оваа земја.
Мартинез ги минал лекарските прегледи и веднаш заминал за Дубаи, каде неговите нови соиграчи се наоѓаат на подготвки и ќе го носи дресот со број 9.
Џексон со Гвангжу Евергранде потпиша четиргодишен договор, а доаѓа од Атлетико Мадрид за кого на почетокот на сезонава се пресели од Порто за сума од 35 милиони евра.
Тој не успеа да се вклопи во тимот, постигнувајќи само два гола на 15 натпревари во првенството.
Кинеските клубови, во зимскиот преоден рок беа исклучително активни, тие потрошија повеќе од 200 милиони евра, а покрај Џексон Мартинез во Кина ќе играат Фреди Гуарин, Жервињо и Рамиреш.