Мохамед Али итно хоспитализиран!

Мохамед Али, легендарниот американски боксер итно е префрлен в болница, откако семејството не успеало да го разбуди цели 24 часа.

74 годишниот Али беше пронајден во несвест откако се опоравуваше во неговата куќа во Скотсдајл во Аризона, а пред седум дена беше пуштен од болница, каде се лекуваше од уринарна инфекција.

Мохамед Али во моментов е сместен на интензивна нега според последните информации тој се одмара и е подложен на испитувања.

Неговиот портпарол само кусо изјави дека му е продолжена терапијата поради уринарната инфекција, a освен со оваа здравствени проблеми тој долго време има и паркинсонова болест.