Жереми Менез, полека се опоравува од тешката повреда на грбот, а францускиот крилен фудбалер според последните информации нема да ги напушти редовите на Милан.
Неговиот агент и брат Кевин Менез тврди дека играчот ќе остане на Сан Сиро и нема да замина во Кина како што претходно се шпекулираше.
„Можам со сигурност да кажам дека Менез нема да замине од Милан. Сепак тоа засега не е најважна работа за него, туку неговото опоравување од повредата на грбот, и враќање во стартните 11 во Милан ” изјави неговиот брат.
Жереми Менез веќе 8 месеци е надвор од терените, а оваа сезона забележа само два настапи за италијанскиот клуб каде минатата сезона беше еден од најдобрите играчи на италијанскиот гигант.