Златан Ибрахимовиќ е трансфер цел број еден на Манчестер јунајтед за идната сезона, а англискиот клуб му нуди богат договор.
Ибрахимовиќ е слободен фудбалер по крајот на сезоната, па и покрај тоа што има 34-години, тој е еден од најбараните фудбалери во светот.
Златан сака да се проба и во Премиерлигата, а Манчестер јунајтед е најсериозниот кандидат за неговиот потпис, а Јунајтед е подготвен да му понуди две годишен договор со неделна плата од 250.000 евра.
Златан би се вклопил многу добро. Можеби е постар но сеуште игра на највисоко ниво. Би добил висока плата бидејќи е слободен играч и за него не треба да биде платена оштета“.
Се очекува Мурињо да го замени Ван Гал на клупата на Јунајтед, а Португалецот би го убедил Ибра да се пресели на Олд Трафорд бидејќи и двајцата соработуваа во Интер и се во одличен однос.