МЗТ Скопје го доби вечното дерби со Работнички со 86-75 за финиш на 12.коло и на 2015 година

Кошаркарско вечно градско дерби за финиш на 12.коло од домашниот шампионат им припадна на шампионите, кошаркарите на МЗТ Скопје со 86:75 во градски парк.

mak basket prva liga1

На тој начин МЗТ Скопје со победа ја заврши 2015 година.

Домашниот тим Работнички на актуелниот шампион му парираше само во првото полувреме, кое МЗТ Скопје го доби со три поени 40:43.

Во второто полувреме, поточно во третата четвртина, МЗТ го искористи своето најсилно оружје, подолгата клупа, и стигна до 12-та победа во првенството, а третиот период МЗТ го доби со убедливи 33:17 што беше и клуч на дербито.

rab-mzt

Кај МЗТ Скопје Дреновац даде 27, а Дамјан Стојановски 18 поени, додека кај центарци Чековски 23 и Мираковски 20 поени.

Кошаркарскиот шампионат на Македонија ќе продолжи на 16-ти јануари каде се игра и дербито помеѓу Карпош Соколи и МЗТ Скопје Аеродром.