Аргентинецот кој е член на Барселона Лионел Меси по 5-ти пат во кариерата ја доби наградата за најдобар фудбалер на ФИФА сега за 2015 година или популарната „Златна топка“ на ФИФА и магазинот „Франс фудбал“.
Ова беше јубилеен 60.ти избор за најдобар светски фудбалер, а Меси претходно оваа награда ја освојуваше 4 години по ред во 2009, 2010, 2011 и 2012 година.
Во конкуренција беа Кристијано Роналдо кој ја бранеше титулата од минатата година и Нејмар кој заврши на третото место.
Во конкуренција кај жените за најдобра е избрана Американката Карли Лојд, додека признанието за најдобар тренер кај жените и припадна на Џили Елис (селектор на САД).
Луис Енрике тренерот на Барселона е најдобар во машка конкуренција, а Вендел Лира, фудбалерот на Гоианесија, ја доби наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол кој е постигнат изминатата година.
Бразилецот победи во конкуренција на Алесандро Флоренци од Рома и Лео Меси од Барселона.
Најдобриот тим го сочинуваат: Мануел Ноер, Алвеш, Серхио Рамос, Тијаго Силва, Марсело, Лука Модриќ, Иниеста, Пол Погба, Лионел Меси, Кристијано Роналдо и Нејмар.