Легендарниот центар на Лос Анџелес Лејкерс, Шекил О’Нил ќе добие своја статуа пред салата на тимот “Стејплс Центар”, соопшти Џени Бас, претседател и ко-сопственик на кошаркарскиот тим.
Статуата ќе биде официјално отворена на крајот на оваа или почетокот на следната година, но за конкретен датум е сеуште рано да се каже.
Чест да имаат сопствена статуа имаат само тројца други играчи на Лејкерс – Карим Абдул-Џабар, Меџик Џонсон и Џери Вест.
Шекил О’Нил го носеше дресот на “Лејкерси” 8 сезони, а за тоа време освои 3 титули во 2000, 2001 и 2002 година, 7 пати беше избран во ол стар тимот, 8 пати во идеалниот тим на Лигата, еднаш беше МВП и 3 пати е избран за ” Најкорисен играч во финалната серија “.