ЛШ: Реми на Паркот на принцовите, Волфсбург го шокираше Реал!

Loading

Комплетирани првите четвртфинални средби од Лигата на шампионите.

Champions-League-Final

Фудбалерите на ПСЖ и Манчестер Сити одиграа реми 2-2 на Паркот на принцовите. ПСЖ против Сити имаше повеќе шанси, еден нереализиран пенал и погодена статива, но не успеа да победи.

И на двете страни имаше катастрофални грешки, по кои беа постигнати головите. Џо Харт му одбрани пенал на Ибрахимовиќ во 17 минута, а неколку минути подоцна шведскиот репрезентативец, по грешката на Отаменди, излезе сам пред голманот на Сити, но биеше над голот.

Промашувањата на Ибрахимовиќ ги казни Де Брујн во 38. минута за 0-1. Три минути подоцна Ибрахимовиќ израмни по катастрофалната грешка на Фернандо.

Домашниот тим направи целосен пресврт во 59. минута, кога Рабио беше на вистинското место.

По водството Сити ја презеде контролата врз играта, што му донесе израмнување, кое дојде како плод на заедничката грешка на Орие и Силва, а егзекутор беше Фернандињо.

На вториот дуел Волфсбург го изненади Реал Мадрид со победа од 2-0. Играчите на „кралскиот клуб“, одиграа брилијантен тактички меч и славеа во Барселона, го потценија противникот и тоа им донесе пораз од два гола.

Родригез од пенал во 18-та и Арнолд во 25-та минута му ја обезбедија победата на Волфсбург. Голот кој го прими Навас во 18-та минута беше прв по 738 минута во Лигата на шампионите.

Реванш натпреварите во Манчестер, односно Мадрид ќе се одиграат на 12. април.