ЛЕ 1/8 финале: Ливерпул подобар од Јунајтед, Дортмунд го збриша Тотенхем

Loading

Во Лигата на Европа се комплетираа првите средби од осминафиналето каде се одиграа 8 средби.

finale LE 2016

Во Англиското дерби Ливерпул на Енфилд го победи ривалот од премиер лигата Манчестер Јунајтед со 2:0.

Даниел Стариџ го постигна првиот гол од пенал по 19 минути игра, а конечните 2:0 ги постави Фирмино во 74.минута.

Јунајтед од поубедлив пораз го спаси голманот Де Геа, кој имаше неколку одлични интервенции.

Идентична предност од 2:0 стекна и Виљареал во дуелот со Баер Леверкузен. Бакамбо ги постигна двата гола на мечот во четвртата и 56.минута.

Атлетик Билбао и Валенсија играа по тешки услови, теренот на „Сан Мамеш“ беше натопен со вода, а еден гол го реши победникот. Раул Гарсија со глава го совлада Рајан во 20.минута.

Борусија Дортмунд го порази Тотенхем со убедливи 3:0 и се стекна убедлива предност пред осминафиналниот реванш во Лондон.

Обамејанг постигна гол во првото полувреме, а конечниот резултат го постави Ројс со двата гола во вториот дел.

Победи во првите осминафинални мечеви забележаа и Шахтјор над Андерлехт 3:1 и Фенербахче над Брага со 1:0, а голот го постигна Топал во 82.минута. Без голови заврши натпреварот Базел-Севиља.

Реванш средбите се играат за 7 дена.