Каспер Шмајхел наското би можел да тргне по стапките на својот легендарен татко и да застане на голот на Манчестер јунајтед.
Ако Јунајтед го продаде Де Хеа на Реал Мадрид оваа зима, данскиот чувар на мрежата би можел да дојде на „Олд Трафорд“ од директниот конкутернт за титулата изненадувањето оваа сезона тимот на Лестер сити.
Помладиот Шмајхел оваа сезона е во одлична форма во тимот кој во моментов го дели првото место на табелата во Премиер лигата со Арсенал.
Каспер ги воодушевил „црвените ѓаволи“ за кој неговиот татко Петер бранеше дури 8 години, а оваа сезона бранеше на 22 натпревари за Лестер во Премиер лигата и прими само 26 голови.
Дали оваа најава наскоро ќе се реализира, останува да видиме, но кој не би сакал да игра за голем клуб како што е Манчестер Јунајтед, а со врските што ги има Петер, неговиот син еден ден ќе застане на голот на црвените ѓаволи.