Интер повторно на продажба!

Loading

Ерик Тохир, претседателот и мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Интер од Милано, поради финансиски загуби размислува да го продаде клубот.

Erick-Thohir-Inter1

Индонезискиот бизнисмен застана на чело на Интер во октомври 2013 година, кога ги откупи 70% од акциите кои ги поседуваше Масимо Морати.

По две ипол години, Тохир, поради финансиски загуби е подготвен да го продаде клубот, откако не успеал да најде нови инвеститори.

Тохир на Морати му плати 350 милиони евра за акциите, а покрај Интер, Тохир е косопственик во фудбалскиот клуб ДЦ јунајтед и во кошаркарскиот клуб Филалделфија 76.

DOHA, QATAR - DECEMBER 30:  President FC Internazionale Erick Thohir pose for a photo during a FC Internazionale training session at Lekhwiya Stadium on December 30, 2015 in Doha, Qatar.  (Photo by Claudio Villa - Inter/Inter via Getty Images)

Што ќе се случи во следните денови останува да видиме, а информација за случувањата во Интер ќе објавиме веднаш штом има некои новости.