Видео: Новицки стана 6-тиот играч во историјата на НБА со 29.000 поени!

Loading

Членот на Далас Маверикс, германскиот кошаркар Дирк Новицки влезе во историјата на најдобрата светска лига НБА.

Dirk1

Тој на натпреварот против Филаделфија постигна 18 поени, а некаде на половина од мечот со 10-ти поен, стигна до бројката од 29.000 поени постигнати во НБА кариерата.

На тој начин Новицки стана само шестиот играч во историјата на НБА лигата кој стигнал до таа бројка.

Целта на 37-годишниот Новицки сега е бројката од над 30.000 поени и евентуално да го мине легендарниот Вилт Џемберлејн кој има вкупно 31.419 постигнати поени кој е на петтото место на вечната листа.

Dirk

Неприкосновен лидер е Карим Абдул-Џабар со постигнати 38.387 поени, а под Џабар се наоѓа Карл Мелоун со 36.928, Коби Брајант со 33.290 поени и годинава најави пензионирање, додека Мајкл Џордан е на четврттото место со 32.292 поени.

Во продолжение погледнете ги поените на Новицки со кој стигна до бројката од 29.000…