Легендата на Реал Мадрид Икер Касиљас кој моментално игра во Порто има огромна желба кариерата да ја круниса со уште еден настап на Европско првенство.
Со 35 години, Икер веројатно ги поминува последните месеци со епитетот репрезентативец, а и самиот е свесен за својот статус во моментов.
Тој беше стартер во пријателскиот дуел против Романија, но се чини дека во иднина предност на голот ќе има членот на Манчестер Јунајтед, Давид де Геа.
Сепак на Касиљас тоа не му пречи се додека е дел од националниот тим.
„Ќе тренирам многу напорно ако влезам во составот за Европското првенство. Подготвен сум на се, дури и да бидам резерва, само да патувам во Франција”, изјави Касилјас.
Со 166 настапи во националниот тим, од пред две дена тој е европски рекодер, а му требаат уште 18 за да го достигне светскиот рекорд што го држи Ахмед Хасан од Египет.