И судиите вмешани во тениските скандали со местени натпревари!

Loading

Скандалот со местење на тениски натпревари на големо се шири, а најновите информации откриваат и вмешаност на судии.

refree1

Двајца меѓународни судии тајно биле суспендирани, додека на четворица, поради корупција, биле доживотно суспендирани, а станува збор за судии од Казахстан, Турција и Украина кои се обвинетите за примање поткуп од обложувачката мафија, во замена за манипулирање со резултатите на ITF фјучерс турнирите.

Ова им овозможувало на обложувачите да ставаат уплати на мечеви, на кој однапред се знаел победникот.

refree2

Судијата од Казахстан Парфенов, во февруари, добил доживотна суспензија бидејќи на Facebook контактирал друг судија и му понудил да намести меч.

Сепак и покрај големината на скандалот, ITF не ги објавил овие информации во јавноста, само известил мал број на директори на турнири и на национални федерации. ITF, молчи и за случајот со Денис Питнер, судија од Хрватска, кој во август минатата година добил едногодишна суспензија, бидејќи се се обложувал на тениски мечеви.

Меѓународната тениска федерација не ја известила јавноста дека против четворица функционери е поднесена пријава поради корупција, туку тоа го сторила кога информациите протекле во јавноста.