Видео: Хрватите им се реваншираа на Норвежаните и стигнаа до бронзата на ЕП 2016

Loading

На ЕП 2016 во Полска се одигра малото финале и мечот за третото место и бронзениот медал.

croatia bronze

Полесно од очекувањата репрезентацијата на Хрватска им се реваншираше на Норвешка за поразот во групната фаза и славеше победа од 31-24 и го освои третото место на првенството.

Хрватите на полувреме имаа четири голови разлика 15:11, но Норвешка во средината на вториот дел дојде до минус еден гол, но потоа победникот беше решен со серија од 6-0 за „коцкестите“.

Со оваа победа Хрватска си обезбеди директно учество на Светското првенство 2017 во Франција, а Норвешка ќе игра бараж со Словенија.

croatia

Последниот меч или финалето на евро-шампионатот во Полска е во тек, а за трофејот се борат Германија и Шпанија.

Резултатот по првото полувреме е 10-6 за Германија.