Германија по продолженијата ја победи Норвешка и стана прв финалист на ЕП 2016

Loading

Во крајно драматично прво полуфинале на ЕП 2016 во Полска, репрезентацијата на Германија по продолженијата ја победи Норвешка со 34-33 и стана прв финалист континенталното натпреварување.

ger-nor

Натпреварот во продолжението го реши Хефнер кој постигна гол на 5 секунди до крајот на мечот за победа на панцирите против скандинавците.

Германија и Норвешка најчесто се менуваа во водството, а ниту еден тим немаше предност поголема од четири гола.

Норвешка имаше можност да го реши победникот во регуларниот дел, но при водство 26:27, во последната минута лошо го организираа својот напад, а на Германците продолженија им донесе Дамке со голот постигнат на 15 секунди до истекот на времето.

Во продолженијата во последната минута Норвешка израмни преку Реинкинд, но сништата дека ќе има уште едно продолжение им ги уништи Хефнер кој ја однесе Германија во финалето.

ger-nor1

Германците ги предводеше Рајхман со 10 голови, без промашување, а Кун и Хефнер постигнаа по пет гола. Кај Норвешка прво име беше голманот Еревик со 16 одбрани, а стрелците ги предводеа Бјорнсен со 8 и Мирхол со 5 гола.

Се одиграа и натпреварите за пласман каде, Франција го освои петтото место со триумфот над Данска со 29:26, седмата позиција ја освои домашната селекција на Полска со триумфот над Шведска 26:24.