Финишот кобен за Вардар во финалето на СЕХА лигата… Веспрем ја одбрани круната!

Loading

Во финалето на двата последните шампиони во регионалната СЕХА ракометна лига екипите на Веспрем и Вардар до победа стигнаа актуелните шампиони унгарскиот тим кој со 28-26 по голема борба го совлада нашиот шампион и двократниот освојувач на оваа лига.

vardar silver1

На завршниот турнир кој се играше во Вараждин, Веспрем ја одбрани титулата. Вардар имаше шанси, но не успеа да ги искористи. Клучот на триумфот на Веспрем беше одличната реализација со играч помалку и голманот Алиловиќ, кој во последните 2,5 минути оствари три од своите 5 одбрани на мечот.

Македонскиот првак многу подобро влезе во мечот, одбраната 5-1 делуваше збунувачки за Унгарците, што на Вардар по 4 минути игра му донесе предност 4:1, а по 8 минути 7:3 и 8:4.

Веспрем успеа да фати приклучок и израмни во 14-та минута на 9:9 и од тој момент, започна големата борба на тимовите кои за 20 дена ќе се сретнат и во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

Веспрем до првата предност на мечот стигна во 34.минута со 17:16, кога започна периодот на менување на предноста. Веспрем на 5 минути до крајот се одлепи на 27:25, до крајот двата тима постигнаа по еден гол, а решавачки беа трите одбрани на Алоловиќ во тој период.

Циндриќ со 5 и Душебаев со 4 гола беа најефикасни во редовите на Вардар, додека Веспрем го предводеше Илиќ со 7 голови.

vardar silver

Третото место на турнирот го освои Загреб кој во малото финале го победи Брест Мешков.

Инсерти од финалето Вардар-Веспрем…