Компанијата за спортска опрема Адидас, конечно ја престави топката со назив „Финале Милано“, со која ќе се играат натпреварите во нокаут фазата и финалето во Лигата на шампионите.
Инспирација за топката е градот Милано, кој ќе биде домаќи на финалниот меч во Лигата на шампионите, а дизајнот ги вклучува некои од најлегендарните симболи на градот, прочуенета миланска Скала и скалите на стадионот „Сан Сиро“, местото на кое ќе се одигра завршниот меч во ЛШ во сезоната 2015/2016.
Вклучен е и логотипот на ЛШ, каде секоја ѕвезда има впечатлив изглед, што придонесува и за одличниот визуелен изглед, бидејќи се формира панел без опшиени рабови, што на топката и дава беспрекорен изглед.
Првите натпревари од осминафиналето на програмата се утре и во среда каде се среќаваат Бенфика-Зенит и ПСЖ-Челзи (вторник) и Рома-Реал Мадрид и Гент-Волфсбург (среда)