Евролига: Шампионот Реал Мадрид го фати последниот воз и избори ТОП 16 фаза

Loading

6 средби од последното 10 коло од групната фаза се одиграа во кошаркарската Евролига по кое тимовите на Реал Мадрид и Дарушафака обезбедија пласман во Топ 16 фазата.

real evro

Па така остана уште едно празно место за пласман меѓу најдобрите 16 кошаркарски екипи во Европа. За тоа место во Белград ќе се борат Црвена ѕвезда и Баерн Минхен.

Шампионот Реал Мадрид беше пред елиминација, но во последното коло го декласираше Стразбург со 97:65 и обезбеди ТОП 16 фаза. Најефикасен кај мадриѓаните беше Тејлор со 16 коша.

Макаби Тел Авив иако победи во Турција над Дарушафака со 70:66, не успеа да избор пласман во Топ 16 фазата бидејќи им беше потребен триумф со повеќе од 11 кошеви разлика.

euroleague1

Во другите средби Фенербахче славеше над Кимки во дербито за првото место во групата со 70-68, а Перо Антиќ постигна 5 поени.

Жалгирис-Панатинаикос 72-75, Брос Баскет-Динамо Сасари 86-54 и Лаборал Куча-Цедевита 92-70.

За вечерва предвидени се исто така 6 средби од последното 10 коло.