Во кошаркарската Евролига се одиграа 4 натпревари од 6.коло во ТОП 16 фазата.
Најголемото изненадување го направи Бамберг кои ја победија Барселона со 74-70 во рамките од Ф групата.
Голема неизвесност имаше и на натпреварот од Е групата одигран во Истанбул, каде Дарушафака до првата победа во ТОП 16 стигна во дуелот против Црвена Звезда која ја совлада со 69-66.
Победи на гостински терен забележаа Панатинаикос против Цедевита со 78-60 и Локомотив Кубан кој во Малага ја победи Уникаха со 82-64.
Денеска на програмата се нови четири средби, а двојките се: Анадолу Ефес-Фенербахче, Жалгирис-ЦСКА Москва, Реал Мадрид-Лаборал Куча и Олимпијакос-Кимки.