Алсат е старо-нов победник на Турнирот во мал фудбал на медиуми во организација на Спортско радио 90,3 фм

Екипата на телевизијата Алсат М е победник на годинешново издание на турнирот на Медиуми во мал фудбал кој синоќа заврши во организација на Спортско радио 90,3 ФМ во СЦ Јане Сандански.

fudbalmedium2

Тие во финалниот меч го совладаа тимот на Нова Македонија со 3-1. Претходно во полуфиналето Алсат М славеше против Спортско радио 90,3 ФМ со 4-2, додека Нова Македонија го совлада Македонско радио со 4-1.

fudbalmedium1

Во другите дуели:

Ревијални: КУД Танец – Глумци/Пејачи 3-1, женски фудал ДОЈРАН ИСТАТОВ – ДРАГОН  3-8, НОВИНАРКИ – ПЕЈАЧКИ  4-5, ГРАД СКОПЈЕ – АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ и СПОРТ 2-4.

ФИНАЛЕ (КОМПАНИИ) ТОТАЛ ТВ – АЛКАЛОИД  4-1,
ФИНАЛЕ (Петлиња) ФШ Вардар – ФШ Кул  1-0,
ФИНАЛЕ О.У. Љубен Лапе – О.У. Блаже Конески 2-0.

turnir